МОБ ечеше од скандирања, откако по брилијантаната изведба на Тимур во операта Турандот, Игор Дурловски излезе да и се поклони на публиката. Овации и скандирања на неговатото име ја тресеа оперската сала, додека нашиот оперски пеач и отпоздравуваше на публиката и им се заблагодаруваше на присутните кои дојдоа да го проследат неговото враќање на сцената.
Ова е целосен триумф на Дурловски во првиот негов настап по притворот кој му беше одреден за настаните на 27 април минатата година и обвинението за наводен тероризам.
Дурловски беше еден до лидерите на За заедничка Македонија. Од крајот на ноември минатата година до крајот на јануари беше во притвор во истражниот затвор во Шутка, а потоа уште два месеци му беше одредуван домашен притвор.
На својот ФБ профил Дурловски објави:
Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така СЕ!
Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ