Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се номинирани од Транспаренси интернешнл - Македонија за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“, под покровителство на Европскиот парламент.
Транспаренси интернешнл на денешната прес-конференција ќе информира за нивната номинација.
Лазаревски и Костовски се влезени во потесниот избор со Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.