Покревање на свеста за придобивките од селектирањето и реупотребата на стари, а сепак исправни апарати, а со тоа и негово намалување, е целта на здружената еко-кампања на колективниот постапувач Нула Отпад со Црвен Крст на Република Македонија и СОС Детското Село.

Колективниот постапувач Нула Отпад, а со поддршка на Црвениот Крст на Репулика Македонија и СОС Детското село ќе има пристап до социјално загрозени семејства на кои им е неопходен одреден уред во домот за да го остварат основното правно на пристоен живот.

- Имајќи предвид дека отпадот во Македонија е сериозен еколошки проблем, пристапот што го предвидува оваа еко кампања I/ChoseToReuse дава одлично решение за решавање на неколку сегменти на овој еколошки проблем, намалување на е-отпадот и негова реупотреба.

Во рамки на кампањата ќе се овозможи од граѓаните кои пријавуваат е-отпад на ЕКО Линијата 070 236 000 до социјално загрозените семејства да стаса исправен и функционален уред.

Република Македонија има проблем со нестандардизираните општински депонии каде завршува околу 70 отсто од отпадот (490,000 тони годишно), а останатите 30 отсто завршуваат на непознати локации, најчесто долови, реки и покрај патишта, покажуваат податоците од Национален план за управување со отпад на РМ 2009-2015).



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 15:09