Во измените и дополнувањата на Законот за ловство во делот на глоби предвидени се казни во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице, ако:
1) лови, прогонува или вознемирува дивеч под заштита за време на ловостој, привремена или трајна забрана за ловење,
2) врши дејствие забрането со членот 19 став (1) од овој закон,
3) се движи во ловиштето со пушка или други средства за лов без дозвола за ловење од концесионерот на дивечот во ловиштето,
4) не го извести концесионерот на дивечот во ловиштето за употреба на средства за заштита на растенијата или други хемиски средства најмалку 48 часа пред употреба на средството,
5) пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште,
6) во ловиштето дозволи овчарското куче да се движи подалеку од 200 м од стадото,
7) без придружба пушти да се движат низ ловиштето кучиња и мачки спротивно на членот 24 став (2) од овој закон,
8) на ловочуварот му оневозможи вршење на неговите овластувања и не му ги даде потребните податоци,
9) огради посебен простор за одгледување, размножување и заштита на дивечот (размножувалишта), како и простор за интензивно одгледување и застрел на дивеч,
10) лови дивеч или изврши дејствие спротивно на одредбите од членот 54 на овој закон,
11) лови дивеч со лак и стрела и со птици грабливки (соколарење) без одобрение или застрелува дивеч спротивно на одредбите од членот 55 на овој закон,
12) лови дивеч со нерегистрирано ловечко куче,
13) лови дивеч без дозвола за ловење,
14) лови дивеч за време на службена должност,
15) изнесува трофеи од дивеч од ловиште без трофеен лист,
16) изнесува или отуѓува врвни трофеи од дивеч,
17) не го пријави и не плати надоместок за присвоената, уловената или застреланата дивеч и трофеи од дивеч,
18) не поседува потврда за потеклото на дивечот и неговите делови,
19) не ја надомести на корисникот на дивечот во ловиштето нанесената штета на дивечот со бесправен лов,
20) не го заштитува дивечот под заштита во ловиште или надвор од него на земјиштето и водите кои ги користи и4
21) на ловниот инспектор му оневозможи вршење на надзор или не му ги даде потребните известувања и податоци.
(2) За сторен прекршок од ставот (1) точки 1, 2, 3, 6, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18 и 19 на овој член ќе се изрече и прекршочна мерка одземање на уловот, односно трофејот, како и на средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот.