Во Музејот на македонската борба вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“.

Музејот на македонската борба ја организира изложбата со Здружението за македонско-чешко друштво Карел IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во рамки на изложбата ќе биде прикажан документарен филм за моравската мисија на светите Кирил и Методиј.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 10:31