Судечкиот совет од Основниот суд во Штип денеска му изрече ослободителна пресуд на поранешниот директор на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, кој беше обвинет за изборен поткуп за време на Локалните избори 2017 година. Неговиот адвокат Марјан Михов вели дека обвинението било темелено само на вербални докази.

- Обвинението беше дека вршел притисок, дека нудел вработувања, нудел различни бенефиции за да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, но сето тоа беа вербални докази и не беа поткрепени со ниту еден доказ, имаше и контрадикторни изјави. Судот го утврди тоа во текот на постапката и денеска беше ослободен од обвинение, вели Михов.

Според Бојаџиев се пуштаат обвиненија коишто не се издржани и се оцрнуваат луѓе кои не се осудени.

- Секоја пуштена кривична пријава има своја тежина, меѓутоа таа треба да се докаже, вели Бојаџиев.

Инаку, кривичното дело за изборен поткуп е едно од најтешките, а затворската казна за оние кои би биле прогласени за виновни би била од четири до 20 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 15:23