Во Кавадарци денеска масовно се возеше велосипед по повод светскиот ден на велосипедот.

Манифестацијата ја организира Сојузот на училишни спортови на град Кавадарци.

На велосипед беа градоначалникот Митко Јанчев, ученици од основно и средно….

-Треба да има почети манифестации и треба да ја поттикнуваме свеста за возење на велосипед. Денес го одбележуваме месецот на велосипедост. Велосипедите треба да ги користиме секојдневно и ми е особено задоволство што има се повеќе млади тука кои возат велосипед, истакна градоначалникот Јанчев.

Милан Колев, претседател на општинскиот Сојуз за училишен спорт, кој е организатор на настанот, изрази задоволство од присутноста и се заблагодари на поддршката од градоначалникот и локалната самоуправа.

Околу 864 велосипедисти тргнаа од спортската сала „Јасмин”, продолжија кај гимназијата до градскиот плоштад, каде имаше лотарија, со главна награда, велосипед.

Меѓу велосипедистите беше и германскиот велосипедист Пјер Бишоф, кој од Германија до Кавадарци поминал околу 2.000 километри со велосипед, под брендот „Синалко” што се произведува и во кавадаречката компанија „Кожувчанка”, а му остануваат уште околу 1.200 до предвидената дестинација. Стартувал минатата недела. Тој изрази задоволство што е во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 21:34