Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, празникот на сесловенските производители го одбележа со донација во Одделението „Сју Рајдер“-Битола, кое работи во состав на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“-Скопје.

Книгата е еден од најдобрите начини за менување и збогатување на животот во заедницата и затоа одлучивме да поставиме мини библиотека во хоспис „Сју Рајдер“-Битола, изјави Јелена Петровска, директорка на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола.

- Мини библиотеката е со почетен фонд од 30 наслови, но на средбата со раководството на „Сју Рајдер“ во Битола, договоривме други активности поврзани со можноста за користење на библиотечниот простор, позајмување на книги, учество во програмите за користење на книжниот фонд, предавања, библиотерапија, информациска писменост, како и други активности кои се наменети во тој тип на установи, посочи Петровска.

Со донацијата и хуманата активност, НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола продолжи да ги следи препораките на меѓународната организација ИФЛА (IFLA), во рамките на спроведување на Агенда 2030 за одржлив развој од Обединетите нации, посебно во делот на промовирање на мирољубиви и инклузивни општества каде библиотеките имаат активно влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 20:46