Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека е можно Бугарија да и дозволи на Македонија да ги користи нејзините амбасади онаму каде што нема свои.

– Можно е Бугарија да и дозволи на Република Македонија да ги користи бугарските дипломатски претставништва во странство, каде што нашиот сосед нема свои. Ова вчера неформално го разгледаа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев. Ова ќе биде уште еден знак за зближување, изјави за БНТ министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2018 01:19