Лидерот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), Златан Елек, изјави дека очекува неговата партија да учествува на парламентарните избори на Косово на 9 февруари 2025 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за јавната Радио-телевизија на Србија, РТС, која ја пренесуваат медиумите во Косово, Елек рече дека неговата партија очекува да ги освои 10-те места резервирани за српската заедница во Собранието на Косово.

Официјалната потврда за учество на изборите се очекува да биде направена во декември, односно пред 11 идниот месец, кога истекува рокот за поднесување апликации до Централната изборна комисија на Косово на субјектите кои ќе учествуваат на изборите.

Првпат оваа партија, која е отворено поддржана од официјалните власти во Србија, да учествува во изборните процеси во Косово од ноември 2022 година, кога Србите поднесоа оставки од косовските институции. СЛ оттогаш не учествуваше во двата изборни процеси одржани во четирите северни општини, населени со мнозинско српско население, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Лидерот на СЛ рече дека нема очекување за резултати од дијалог меѓу Приштина и Белград и ја обвини Владата на Косово, предводена од Албин Курти, дека „ја провоцира“ ситуацијата на северот на Косово. Елек исто така му забележа на Западотот дека молчи за овие движења



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:37