Тројца планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка се искачија на врвот Атос на Света Гора, во Грција, висок 2.033 метри.
Соцко Тасевски е еден од тројцата планинари кој беше во групата од Крива Паланка, втора годинава од Македонија, по онаа од Струмица, што успеа да добие виза од Министерството за надворешни работи на Грција за да може да ја реализира планинарската акција и авантура.
- За да се искачиш на Света Гора е исклучително тешко, бидејќи тешко се добива виза. Најпрвин се поднесува барање за благослов до еден од манастирите, вкупно дваесет на најголемото монашко и духовно прибежиште на Балканот. Игумените и монаштвото од манастирите релативно лесно одобруваат да бидат посетени и даваат благослов, одредувајќи датум за посета. Потоа, оттаму го доставуваат благословот како барање до грчото Министерство за надворешни работи, кое решава по истото. Специфично е, процедурата трае долго, можеби два или три месеци, а барањата, најчесто, 90 отсто од нив ги одбиваат. И во нашито случај беше така, од деветмина кои поднесоа барања, само тројца добија виза, и тоа, јас како државјанин на ФИРОМ, додека останатите двајца како државјани на Босна и Херцеговина, раскажува Тасевски.
Одобренија за посета на Севтогорските манастири и искачување на Атос добиле Соцко Тасевски, Денис Ангеловски и Стоиле Стојановски. Откако добиле виза, која трае релативно кратко, од 18 до 21 мај, пристапиле кон подготовки, а стапиле во контакт и со уште еден планинар од Куманово со кого заедно се искачувале.
- Со сопствен превоз стигнавме до Уранополис, последниот град на копно од каде со брод, околу два часа, се патува до Света Гора. Стасавме на пристаништето Света Ана и се качувавме по таа рута, патека која најпрвин не однесе до 1.500 метри, кај манастирот Панагија, по Грчки, а на Македонски - Света Богородица. Тука планиравме да преспиеме и да одмориме, за утредента да го искачиме врвот Атос, но најавите за дожд и лошо време не предомислија, па, собравме сили и со многу напор ја искачивем патеката во еден ден, иако според категоризацијата, истата се смета за тешка планинарска патека, додава Тасевски.
Специфичната конфигурација на теренот, карпест предел и дождот, како што псочи Тасевски, го направиле искачувањето многу тешко, зашто поради дождот, карпите биле лизгави, а стрмнината и нагорницата опфаќаат речиси 60 отсто од целата патека.
- Пределот е карпест, теренот е многу специфична конфигурација, иако, не станува збор за многу долга патека. Вкупната должина е некаде околу 12 километри, кои ги искачивме за седум часа, додека за околу пет часа се спуштивме. Првите 1.500 метри ги искачивме полесно, а по одморот, псоледниет 500 метри ги искачивме доцна попладнето. На врвот се наоѓа црквата Свети Преображение, високо на сртот, на 2.033 метри, каде кога се искачивме не обзема неверојатно, неповторливо продуховено чувство, на исполнетост и среќа. На врвот сретнавме планинари до целиот свет, организирани во групи до по два-тројца. Меѓу нив, одлично се дружевме со Италијаните, Австријците, Либанците. Има најголем број планинари од Грција, поради тоа што тие не чекаат одобренија и немаат барања за виза, само за благослов, вели Тасевски.
Рече, сите планинари кои се искачуваат на Атос се православни христијани, а од групата четириесетина луѓе кои тргнале кон врвот, само дваесетина успеале да го освојат, зашто дождот го отежнал искачувањето.
Годинава, покрај кривопаланечките планинари и еден кумановец, единствени македонски планинари кои се искачиле на Атос се планинари од Струмица.
На Света Гора има околу дваесетина манастири и околу две илјади монаси. Дневно на Света Гора може да влезат најмногу 100 луѓе, туристи, тоа е максималниот број визи кои се одобруваат.
Она што им оставило голем впечаток е неверојатното, за нас, испосничко живеење на монасите во манастирите на Света Гора.
- Песпавме на 1.500 метри, каде е манстирот Панагија, но има повеќе пештери и манастири, а има и уредени живеалишта. Ние вториот ден се спуштивме во скитот Света Ана, каде има повеќе испосници во кои живеат одколу 50 монаси. Во скитовите се живее испоснички, нема струја, а единствен транспорт на стока и луѓе се врши со мазги. Има една, своевидна, главна патека, целата со скали, долга речсии дв акилометри. По неа, цело време се искачуват и слегуваат мазги, транспортирајќи разни намирници или гардежни материјали и слично.
До скитовите исто така се пристапува со мазги, а на најјужниот дел на кракот, наречен Каруља (макара), кај една од пештерите, со чекрк- макара се доставуваат намирници и се се транспортира, неверојатно е искуството во модерната ера на живеење да видиш ваков начин на живеење, кој е смирен испоснички и хармоничнен, вели Тасевски.
Иако се е испоснички и сведено на основни потребштини, Тасевски рече дека сепак, има мрежа и се користат мобилни телефони.
Она што како специфичен момент го напомена е тоа што за време на посетата во еден од манастирите имало избор на игумен, поради тоа што игуменот бил неодамна починат, па монашкото братство одбирало нов.
На заминување од островот ги виделе и делфините кои живеет блиску до крајбрежјето, а секако, за спомен понеле и сувенири кои ќе ги потсетуваат на несекојдневното исполниетлно духовно-авантуристичко патување.
Од мештани во Уранополис, на враќање, дознале дека во монашкото братство на Света Гора има и еден Македонец.
- Еден од соптвениците на угостителски објект во Уранополис, кога се вративме од манастирите, ни раскажа дека таму се испостува, под монашко име, монахот Савос Вељановски од Македонија, па решивме, наскоро повторно да поднесеме барање да ги посетиме манастирите, да го сикачием Атсос во, се надевам подобри временски услови, зашто импресионирани и мотивирани повторно да се вратиме сме, по она што го доживеавме на Света Гора, заврши Тасевски.
Ирена Димитровска