Независне новине - Бања Лука

За едно општество да биде демократско не е доволно да има само фер избори и владеење на правото. За демократија е потребна и добро информирана јавност, која ќе биде во состојба критички да размислува.

Во последните неколку години во Европа и во Америка се појави феноменот на лажни вести, при што софистицирани групи со опасни намери преку социјалните мрежи и фантомски интернет страници пласираат лажни вести со цел да ја поткопаат довербата во институциите на системот и власта.

Босна и Херцеговина како мултиетничка држава, која неодамна излезе од војна, особено е чувствителна на манипулациите со емоциите на жртвите, па ваквите експерименти без големи потешкотии би можеле да предизвикаат хаос, доколу надлежните органи во БиХ, со помош на ЕУ и САД, не преземат чекори за сузбивање на активностите на овие луѓе со опасни намери.

САД и Велика Британија неодамна беа потресени со голем скандал откако беше откриено дека лондонската фирма „Кебриџ Аналитика“ преземала податоци на повеќе од 80 милиони корисници на Фејсбук.

Колку за пример, „Кембриџ Аналитика“ за време на кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ ги таргетирала косисниците на Фејсбук кои живееле во деловите на земјата во кои, според анкетите, имало подеднаков број на поддржувачи и противници на Брегзитот. Ним притоа им биле испраќани сугестивни пораки за поддршка на Брегзитот.

Според сопственото признание на „Кембриџ Аналитика“, фирмата успеала да влијае на пет до шест проценти од вкупно таргетираните корисници.

Не е исклучено токму ова да имало пресудна улога за одлуката на Велика Британија за излегување од ЕУ.

Истата фирма била активна и во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, а еден од нејзините основачи и стратези бил и ултранационалистот Стив Банон.

Главниот аналитичар на „Кембриџ Аналитика“ и свиркачот кој на медиумите им ги објави методите на работа на фирмата, Крис Вајли тврди дека предизборните слогани на Трамп биле тестирани две до три години пред изборите. Тие пораки им биле пласирани на разни групи во деловите на САД каде што во пресрет на претседателските избори имало мала разлика во поддршката меѓу Трамп и неговата противкандидатка Хилари Клинтон.

Ова укажува дека влегуваме во ново време, време на лажни вести, преку кои потсвесно се влијае врз граѓаните каков однос да изградат кон важни општествени прашања.

Доколку БиХ не се вклучи во глобалната борба против лажните вести, таа би можела да биде нивна следна жртва.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 00:43