Политичарите се должи да бараат компромиси, кои ќе им донесат корист на нивните народи, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со неговиот украински колега во Володомир Гројсман во Киев.
- Ние политичарите сме должи да бараме компромиси, кои ќе им донесат корист на нашите народи - безбедност, младите да останат во регионот и да се развиваме. Тоа е можно само во мирни услови, нагласи Борисов.
Како што јави БТА, Борисов истакна дека транспортните врски ги поврзуваат луѓето, им помагаат да се разбираат подобро и да осознаат дека помеѓу нив има повеќе заеднички работи, отколку разлики.
Гројсман од своја страна се заложи за јакнување на инфраструктурната поврзаност меѓу Украина и Бугарија.
- Отворен сум за нови проекти, кои ќе ги подобрат врските меѓу нас, потенцира Гројсман.
Како што соопшти кабинетот на украинскиот премиер, за време на средбата биле разгледани и можностите за соработка меѓу Украина и Бугарија и во сферата на образованието, кое „ќе овозможи развој на младите луѓе и шанса за взамено запознавање на двата народи“.