Членовите на Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници во просториите на СЈО се сретнаа со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
На средбата претставниците на ФДМ Маја Петрушевска, Маја Панова и Алексеј Демјански ја запознаа обвинетелката Јанева со програмата, целите и мисијата на Форумот.
- Како организација што се залага Македонија да биде демократска и правна држава во вистинска смисла на зборот, ФДМ ја потврди целосната поддршка за работата на СЈО, информираат од Форумот.
Обвинителката Јанева на вчерашната средба се осврнала на предизвиците со кои СЈО се соочува од формирањето до денес. Претставниците на ФДМ го поздравиле придонесот на ова обвинителство на полето на транспарентност и родова еднаквост и изразиле поддршка СЈО да продолжи да работи како независна институција.
Доколку е потребно, ФДМ изразил подготвеност да ги стави на располагање своите професионални капацитети, искуства и меѓународна мрежа на контакти со правни и антикорупциски експерти од целиот свет.