Колку фирми ќе учествуваат во електронското надавање за изработка на студија за оценка на влијание врз животната средина за изградба на брана на реката Отиња, ќе се знае в четврток, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Општина Штип за оваа студија од буџетот има предвидено 590.000 денари, но на јавното надавање ќе се знае која ќе биде најповолната понуда и за колку средства некоја од компаниите ќе ја изработи.

До крајот на годината треба да заврши комплетната ревизија на проектот, постапка, која е во тек, а исто така се изработува и инфраструктурен проект.

Градоначалникот Бочварски во неколку наврати истакна дека според експертите, најдобро решение за оваа брана е да биде земјена, а не бетонска. Општина Штип од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство добива 10 милиони денари за да се обезбеди комплетната документација, по што ќе може и да се почне постапката за добивање на градежна дозвола.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 16:44