Американското Министерство за финансии подготви нов пакет санкции за Северна Кореја, со кои ќе бидат засегнати руски и кинески компании, објави денеска весникот „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на двајца неименувани претставници на американската администрација.

Весникот, наведува дека со новите санкции со кои ќе бидат опфатени повеќе од 30 компании од Русија и од Кина. Целта на санкциите е да се ограничат странските приливи во буџетот на Северна Кореја.

Според „Волстрит џурнал“ Белата куќа може да ги објави санкциите уште утре, но не се исклучува можноста истите да бидат одложени поради преговорите Вашингтон - Пјонгјанг за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 10:24