Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија.

Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е подготвен за компромис“.

-Нова демократија ја предупредува владата да не се согласи однапред за било каков договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во Европската унија и зелено светло за членство во НАТО. Незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја, вели Спираки, јави дописничката на МИА од Атина.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 14:17