Променливото време неповолно се одразува врз лозовите насади во Тиквешко, истакна советникот во кавадаречката подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Драганчо Николов.
- Веќе регистриравме појава на пламеница. На производителите на грозје во чии лозја е забележана болеста, им препорачуваме прскање со системични и контактни препарати, за да го спасат родот на виновите лози. Сега засега, пламеница имаме евидентирано во кавадаречките села Возарци, Шивец и Дреново, како и во росоманското село Манастирец, појасни Николов.
Во моментов, на удар на болеста се винската сорта на грозје „вранец” и десертната „мишел палиер”.