Надминување на досегашните недоразбирања и воспоставување нормална комуникација за подобра соработка помеѓу локалната власт и полицијата беше повод за работна средба на началиникот на СВР Тетово, командирот на полициската станица Гостивар и гостиварскиот градоначалник. На средбата, што денеска се одржа на иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, покрај домаќинот Таравари беа и началникот на СВР Тетово Амир Далипи и командирот на ПС-Гостивар, Гази Абдурахими и претставници на ОБСЕ.

По средбата на прес конференцијата беше кажано дека двете страни се согласија дека со меѓусебна соработка може да се постигне многу во подобрувањето на безбедноста во општина Гостивар и ефективна реализација на разни активности кои што Општина Гостивар ги спроведува во својата територија.

- За досегашниот однос и разни недоразбирања, можеби вината е заемна. Но, ние треба да гледаме напред и да ги надминеме овие проблеми. Тоа треба да биде во интерес на граѓаните на општина Гостивар и на тој начин да воспоставиме ефективна комуникација и соработка која ќе ги даде очекуваните резултати, рече градоначалникот Таравари по средбата.

Во изјавата, началникот на СВР – Тетово, Амир Далипи, ја нагласи потребата од подобра комуникација и тој исто така подвлече дека имало недоразбирања, но нагласи дека денес тој и неговите соработници дошле на средбата со цел тие да се надминат и да не се повторуваат во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 22:57