Тешка сообраќајна несреќа се случи во близина на косовското село Лугаѓи, кога автобус изгуби контрола и влета на бензинска станица.

Според информациите, две лица загинаа, а трето лице се бори за живот.

До несреќата дошло кога автобусот, што сообраќал на релација Приштина- Урошевац, во обид да избегне директен судар со возило од спротивен правец, влетал на бензинска станица.

Овој инцидент го снимиле надзорните камери.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 00:28