Форум насловен „Етнолошкото културно наследство во Македонија меѓу теоријата и праксата“ ќе се одржи денеска во просториите на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија во Скопје.

Форумот е финансиран од Министерството за култура. На оваа тема планирани се три предавања, а поканети се предавачите д-р Даворин Трпески, вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) и претседател на организацијата „Синиот штит“, м-р Гордан Николов, етнолог и директор на Етнолошкиот музеј на Македонија и д-р Љупчо Ристески, редовен професор на ИЕА.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 08:56