Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, денеска во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза.

Оваа година Светскиот ден на МС се одбележува под мотото „bringinguscloser“, со цел да се поздрави иновацијата во откривање на нови иновативни лекови за лекување од МС.

Членовите на Мобилност Македонија ќе промовираат кампања за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.

Целта е да се подигне свеста на општата популација за МС, да се унапредат дијагностичките процедури и да се овозможи неограничен пристап до нови иновативни лекови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 09:06