Панел дискусија на тема „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за комуникациски студии.
Учесниците ќе дискутира за тоа дали и колку е присутно рекламирањето на граѓанските организации на социјалните медиуми, придобивките од социјалниот маркетинг и етичките дилеми, како и можностите кои ги нудат новите медиуми во насока на поттикнување на општествена промена.
Ќе бидат промовирани и новата веб платформа со онлајн ресурси http://digitakt.mk/, како и публикацијата „Како поефикасно да комуницираме со граѓаните преку дигиталните медиуми: Прирачник за граѓански организации“.
Панел дискусијата се организира во рамки на проектот ДигитАКТ: Комуницирање за промени поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас.