Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во официјална посета на Австрија, порача денеска дека Косово и целиот Балкан имаат доверба во визијата на канцеларот Себастијан Курц заевропските перспективи на регионот, јавува дописникот на МИА од Приштина.
На неговата официјална страница на Фејсбук, Тачи претпладнево напиша дека претседавањето на Австрија со Европската унија е можност за целиот регион.
- Косово и целиот Балкан имаат доверба во визијата и заложбите на канцеларот Курц за приближување на нашиот регион до ЕУ, но и за самата ЕУ. Претседавањето со ЕУ од страна на Австрија е можност за целиот регион, да ги нормализираме односите и да работиме на затворањето на отворените прашања, зближувајќи се уште повеќе со ЕУ, напиша Тачи, порачувајќи дека „дијалогот и соработката меѓу соседите го јакнат мирот и целиот наш регион“.