Механизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со асфалтирање на последните три километри меѓу селата Теранци и Кучичино на териоријата на општина Чешиново-Облешево.

Со завршувањето на оваа делница источниот регион ќе добие комплетно ново алтернативно сообраќајно решение со вкупна должина од 19 километри што ќе ги поврзува општините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци и Штип.

- Очекуваме асфалтирањето на последниот дел од регионалниот патен правец да заврши за десетина дена. Со тоа конечно ќе добиеме директно и скратено поврзување со соседните општини Зрновци и Карбинци, а ќе се надмине проблемот за жителите од селата во подножјето на Плачковица кои до сега мораа да патуваат дополнителни петнаесетина километри, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Пробивањето и изградбата на патот започна пред четири години, а инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, кое за целосното комплетирање вложи околу 50 милиони денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:00