Градоначалничката на Битола Наташа Петровска приреди прием и оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп.

Од секторот за односи со јавност информираат дека амбасадорот се интересирал за можностите за развој на Битола, со посебен акцент на областите во кои може да помогне Холандија, односно заштита на околината и производство на електрична енергија од обновливи извори, како што е сончевата енергија.

Градоначалничката Петровска и амбасадорот Пломп ќе соработуваат и на планот на зголемување на можностите за искористување на средствата од ИПА-фондовите од страна на општина Битола, информираа од локалната самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:12