Во Прилеп вечерва се одржува манифестацијата „Сите на точак“ во организација на неформалната иницијатива „Прилеп на Точак“ и преку 100 вљубеници во возењето велосипед учествуваа возејќи низ градот.

Борче Колароски од неформалната иницијатива „Прилеп на точак“ вели дека манифестацијата во градот се одржува четири години.

- Целта е да се зголеми јавната свест за возењето на велосипедот како превозно срество. Освен тоа, ова е начин да укажеме да се подобрат условите, односно велосипедската инфраструктура во градот, но и за подигнување на свеста кај другите учесници во сообраќајот да го почитуваат велосипедот како превозно средство, изјави Колароски.

За Даме Димески ова значи прослава на четвртиот роденден на манифестацијата.

- Се вози низ главните улици на градот. Имаме задолжени редари за тоа. Веќе се навикнуваат учесниите во сообраќајот, а сега потребна е иницијативата на институциите да се подобри велосипедската инфраструктура. Со велосипед се вози секоја последна среда во месецот, во зимските месеци од 17.30 часот, а во летниот период од 19 часот, рече Димески.

Иницијативата ја поддржаа приелпскиот градоначалник Илија Јованоски и амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп кој попладнето денеска беше во прва официјална посета на Прилеп и се сретна со градоначалникот Јованоски.

Јованоски, кој на учесниците им подари заштитни капи при возењето велосипед, нагласи дека сесрдно ја поддржува иницијативата.

- Ги поддржувам сите што возат велосипед и настојуваат да ја подигнат свеста кај сите учесници во сообраќајот за тоа колку е здраво возењето велосипед и за човекот, но и за заштитата на животната средина. Ќе се погрижам да се подобри велосипедската инфраструктура во градот, рече Јованоски.

Амбасадорот Виелм Ваутер Пломп учествуваше во градското возење велосипед со поддршка за иницијативата.

- Денеска бев во посета прво на Битола, а сега и во Прилеп. Има се повеќе градови во Македонија кои се пријатели на возењето велосипед. Во Скопје се слави 6-от роденден и се вози 73-та критична маса, а во прилеп е 4-ти роденден и 48-ма критична маса на велосипед. Ова е одличен показател како соработуваат граѓанските иницијативи со градоначалникот, овојпат на Прилеп, рече Ваутер Пломп.

Во Прилеп се одржа 48-та критична маса „Сите на точак“

Прилеп, 30 мај 2018 (МИА) По 48-пат во Прилеп вечерва се одржува манифестацијата „Сите на точак“ во организација на неформалната иницијатива „Прилеп на Точак“преку 100 вљубеници во возењето велосипед учествуваа возејќи низ градот.

Според Борче Колароски од неформалната иницијатива „Прилеп на точак“ вели дека манифестацијата во градот се одржува 4 години.

-Целта е да се зголеми јавната свест за возењето на велосипедот како превозно срество. Освен тоа, ова е начин да укажеме да се подобрат условите, односно весоипедската инфраструктура во градот, но и за подигнување на свеста кај другите учесници во сообраќајот да го почитуваат велосипедот како превозно средство, изјави Колароски.

За Даме Димески ова значи прослава на 4 роденден на манифестацијата.

- Се вози низ главните улици на градот. Имаме задолжени редари за тоа. Веќе се навикнуваат учесниите во сообраќајот, а сега потребна е иницијативата на институциите да се подобри велосипедската инфраструктура. Со велосипед се вози секоја последна среда во месецот, во зимските месеци од 17.30 часот, а во летниот период од 19 часот, вели Димески.

Иницијативата ја поддржаа приелпскиот градоначалник Илија Јованоски и амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп кој попладнето енеска беше во прва официјална посета на Прилеп и се сретна прво со градоначалникот Јованоски.

Јованоски, кој на учесниците им подари заштитни капи при возењето велосипед нагласи дека сесрдно ја поддржува иницативата.

- Ги поддржувам сите што возат велосипед и настојуваат да ја подигнат свеста кај сите учесници во сообраќајот за тоа колку е здраво возењето велосипед и за човекот, но и за заштитата на животната средина. ќе се погрижам да се подобри велосипедската инфраструктура во градот, рече Јованоски.

Амбасадорот Виелм Ваутер Пломп учествуваше во градското возење велосипед со поддршка за иницијативата.

- Денеска бев во посета прво ан Битола, а сега и во Прилеп. Има се повеќе градови во Македонија кои се пријатели на возењето велосипед. Во Скопје се слави 6-от роденден и се вози 73-та критична маса, а о прилеп е 4-ти роденден и 48 критичнамаса на велосипед. Ова е одличен показател како соработуваат граѓанските иницијативи со градоначалникот. овој пат на Прилеп, рече Ваутер Пломп.

Насловот на 48-та критична маса е „Повелете на роденден, да се преброиме колку сме“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:33