Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово, на 26 и на 27 мај го организираше традиционалното искачување на Титов Врв, по триесет и седми пат.

Од клубот информираа дека, на овој настан имало 800 учесници, 14 планинарски клубови од Македонија и 17 од регионот.

Настанот официјално го отворил холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој искажал особена чест што присуствува на овој настан и е дел од искачувањето на Титов Врв.

Планинарски клуб „Љуботен“ ја поддржа иницијативата на планинарско-еколошкото друштво „Аргентус моунт“ за реконструкција на кулата на Титов Врв, со тоа што сите учесници ги информираше за акцијата за пренесување на песок до врв.

И оваа година традиционалното искачување беше дел од прославата за Денот на Европа, организирано од страна на Канцеларијата на Европска унија во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:48