Охрид од денеска е домаќин на 8.Меѓународен металуршки конгрес „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“

Мото на конгресот, што ќе трае до 3 јуни, е користењето на научни истражувања во функција на унапредување на индустријата на основни метали.

На конгресот ќе учествуваат еминентни автори од универзитети, истражувачки центри од од Австрија, Шведска, Украина, Белорусија, Турција, Србија, Бугарија, БиХ, Романија и други држави.

За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација на отворањето ќе говорат директори на најзначајните металуршки капацитети во државата како и гости од странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 10:55