Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат речиси двојно намалени водостои во однос на просекот за мај на Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци, а намалување има и на Брегалница кај Берово и на Вардар кај Демир Капија.

Зголемен водостој е регистриран на Вардар кај Скопје (Зајчев Рид) и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Нивото на Охридско Езеро е 17 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а нивото на Дојранско Езеро е 15 сантиметри над договорениот максимален водостој.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 12:03