Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе. Командирот на полициската станица од општина Куманово, Игор Митевски рече дека состанокот има цел да ги информира угостителите за законските обврски, бидејќи раздвиженоста на младите во летниот период е поголема, но дека заради нивна безбедност е потребно да се почитуваат законските обврски, да не се служи алкохол на малолетници и да не се заткнуваат во објектите после 24 часот. - Ќе има поголема раздвиженост во градот, тука ќе бидат сограѓаните кои се на привремена работа во странство и затоа го држиме овој состанок да укажеме на одредбите кои вие сте должни да ги почитувате, а ние да ги спроведуваме, пред на законот за јавен и ред и мир, рече Митевски. Тој нагласи дека глобите се многу високи за правните лица кои на малолетници им точат алкохол и истакна дека дел од тие угостители за кои има поплаки од граѓани не присуствуваат на состанокот. Додаде дека реагираат на пријава од граѓани, па доколку се регистрираат неправилности ќе следи соодветна постапка, што не е во интерес на угостителите. Малолетниците не смеат да бидат во објектите после 24 часот, децидни се од полицијата. Командирот ги информираше угостителите дека не смее да се пушта гласна музика или надминување на предвидените децибели во перидот од 15 до 18 часот и по 23 до 06 часот, и нагласи оти спротивно на тоа следува глоба. Виолета Богдановска од отсекот за превенција рече дека постојано со родителите вршат акциски контроли и оти се затекнуваат малолетници по 24 часот. Дел од угостителите поставуваат маси и столчиња и го попречуваат движењето на пешаците, дел вели имаат одобренија, но има и неколку кои немаат одобренија. - Сега во тек е акцијата за враќање на пешаците на тротоарите, посочи Богдановска и повика угостителите да си побараат одобренија. Таа истакна дека музиката не смее да биде гласна, дури и во случаи кога објектот се изнајмува на приватни лица. Бобан Бојковски од општина Куманово рече дека имаат пријави за зголемена бучава и потсети да имаат документација согласно законот за животна средина за одредени надминувања.Согласно законот за заштита од бучавата, тој потсети дека бучавата мора да биде сведена на пропишани вредности. Трошоците за мерењето по пријава на граѓанин ги чини самите угостители, потсети Бојковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 16:20