Одговарајќи на соопштението од резиденцијата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас, денеска повторија дека ставовите на грчката позиција во спорот околу името се „содржани и јасни“, пренесува „Катимерини“.

„За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, се вели во соопштението од грчката влада.

Ваквата реакција следува откако вчера претседателот Иванов, го изнесе својот став дека за него е неприфатлива „ерга омнес“ употреба на евентуалното ново име кое би се договорило со Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 20:55