Косовската полиција денеска потврди дека во текот на вчерашниот ден двајца државјани на Косово од српска националност биле уапсени во селото Кончуљ, во близина на граничниот премин Бела Земја, откако при претрес на возилото со кое се превезувале, било пронајдено поголемо количество марихуана, јави дописникот на МИА од Приштина.
Полицијата информира дека се уапсени две лица, додека таксистот кој ги возел од Косово за Србија е ослободен.
- Потврдуваме дека тие се фатени вчера во Кончуљ, во 15:51 часот, со 3.951 грам марихуана. Станува збор за Д.А. и Д.П., кои денеска треба да бидат изведени пред судија. Таксистот од Бујановац, кој ги возел е пуштен на слобода, изјави портпаролот на косовското Министерство за внатрешни работи, Бајрам Красниќи.