Полн со трева и ѓубре е познатиот штипски Градски базен кој постои над 60 години, а според најавите, треба да биде пуштен по завршување на учебната година, на 10 јуни.
Засега, отварањето на Градскиот базен е на ниво на разговори меѓу градоначалникот Благој Бочварски и сопствениците на земјиштето и на базенот за изградба на Спортско рекреативен центар Брегалница што беше предвидено да функционира како Аква парк и да има хотели во кои ќе се доведе и лековитата вода од изворите на Кежовица.
- Претходната локална власт тој простор го продаде и сега е приватен. Ние сме во постојана комуникација со сопственикот и ги ставаме на располагање сите општински ресурси, заедно со ЈП „Исар“ за негово отворање, изјави Бочварски.
Тој соопшти дека има и заинтересирани инвеститори за изградба на Аква парк во месноста Суитлак што и во изборната кампњата беше е еден од централните проекти. Но, овој проект, додаде, ќе зависи од тоа дали ќе стартува спортско-рекреативниот центар Брегалница, бидејќи на Штип во тој случај не му се потребни два аква паркови.