Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа забележа втора победа на турнирот во Обидош, Португалија.

Ѓорческа ја совлада Германката Ана Класен по пресврт, со 5:7, 6:0, 6:4 на ИТФ-фјучрс турнирот, кој е со награден фонд од 25 илјади долари.

Во третото коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра со уште една Германка - Лена Рефер.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 00:23