Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција годинава очекува рекорден број туристи, односно 32 милиони гости.

На настан во организација на грчката Туристичка федерација, Ципрас рече дека податоците укажуваат оти приходот од туризмот во 2018 година ќе биде повисок за 12,8 проценти од претходната година.

- Грчката стабилност во регионот кој е ранлив во однос на кризите, помогна за јакнење на имиџот на Грција како туристичка дестинација, рече Ципрас.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 10:55