Стапката на невработеност во Србија во првиот квартал од оваа година изнесува 14,8 отсто и тоа 14,1 отсто кај мажите и 15,8 отсто кај жените, соопшти денеска Републичкиот завод за статистика.

Споредено со првиот квартал од 2017 година забележан е раст на вработеноста (за 36.100) и невработеноста (за 15.900).

Во рамки на вкупната вработеност, која е зголемена за 36.100, вработеноста во земјоделскиот сектор е намалена за 43.000, додека во формалниот сектор има зголемување на вработеноста за 71.400.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 11:03