Низ секојдневните искрени приказни, поблиску да се почувствува улогата на згрижувачот во семејството, да се дознае што значи да се биде згрижувач и да се гради семејство за оние на кои што им е најпотребно.
Ова е пораката што сака да ја испрати СОС Детско село Македонија, кое денеска организира отворен ден по повод Денот на згрижувачките семејства.
- Бидејќи секое дете заслужува сигурен дом, љубов, семејна средина и прилика за безгрижно, мирно и среќно детство, се наведува во соопштението на СОС Детско село.
На настанот ќе се обрати националниот директор на СОС Детско село, Јулијана Гапо.
Своите искуства ќе ги пренесат неколкумина згрижувачни, а сведоштва ќе имаат и младинци.
Ќе биде презентиран видео-клип „Ниедно дете не треба да расте само“, настап ќе имаат оркестар на МОБ, групата од актерското училиште на Весна Петрушевска, а ќе има и повик за обука на згрижувачи.
Ќе биде отворена и изложба на фотографии, а ќе има и продажба изработки на децата.