Две 17 годишни момчиња од Драчево вчера во паркот на бранителите во населбата биле физички нападните од три лица, од кои едниот нивни врсник.

Како што соопшти МВР, утринава во околу 2 часот по полноќ во Полициската станица Драчево З.Р.(47) пријавил дека околу 23 часот во паркот на бранители во населбата Драчево физички бил нападнат неговиот 17 годишен син од страна на три лица од Драчево. Во врска со овој настан во Полициската станица Драчево и Ј.Р.(51) пријавил дека во исто време и на истото место физички бил нападнат неговиот 17 годишен син од страна на едно лице на возраст од 17 години и уште две други лица.

Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2018 16:28