Утринава во 2 часот по полноќ во Полициската станица Пробиштип, дошле С.З. (25) и неговиот брат Д.З. (29) од Пробиштип и веднаш почнале да викаат и недолично да се однесуваат, реагирајќи на претходно пријавена поплака против нив.
Од страна на сменоводителот биле предупредени да престанат со таквото однесување, но тие продолжиле, по што биле предупредени да ја напуштат полициската станица, а тие продолжиле со истото однесување и упатиле навреди и закани кон сменоводителот и кон другите присутни полициски службеници.
Потоа почнале да се туркаат со сменоводителот и со дежурниот полициски службеник. Во еден момент С.З. со тупаница го удрил полицискиот службеник-сменоводител во пределот на главата, по што од страна на присутните полициски службеници, С.З. и Д.З. биле совладани и лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.