Во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио денеска за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?“.

Покрај аудио и видео сензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. 3Д Мапингот и видео анимациите се дело на Милчо Узунов, а режијата е на Златко Славенски.

3Д Мапингот е базиран на музички аранжман од страна на Џијан Емин, но и од легендарните хитови на групата „Лед Цепелин“, испреплетени со музичките дела на Дмитриј Шостакович и миленикот на Кјубрик - Арам Хачатуријан.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 18:10