Директорот на Францускиот Институт во Скопје Емануел Рембер, францускиот новинар и историчар Емаунуел Ешт, заедно со професионалниот водич од Битола Петар Нолев, претпладнево од Француските воени гробишта во овој град го почнаа 10 дневниот марш по патеката на Македонскиот фронт од Првата Светска војна.
Француско-македонскиот тим се движи кон мариовските села Маково, Рапеш, Будимирци, Ридир, летна караула до врвот Кајмакчалан, а потоа по сртот на планината до Мало Ниџе и местата викани Базерот, Бела Земја, Сокол, Добро Поле, Кралица, Кожуф ќе пристигнат до Гевгелија, а од таму до Солун.
-Подготвени сме да ја изодиме патеката долга 240 километри. Ќе спиеме на отворено, ќе подготвуваме храна на терен која ја носиме со еден коњ и мазга, ќе фотографираме... пишуваме. Сакаме да посветиме посебно внимание на овој дел од историјата, да ја информираме јавноста и секако да го одбележиме крајот на Првата Светска војна, рече меѓудругото Франсоа Рембер, директор на Француски институт-Скопје.
Среќен пат на учесниците на маршот им посакаа градоначалничката на Битола Наташа Петровска и почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.