Во издание на „Везилка 2011” излезе од печат најновата книга на академик Георги Старделов „Критика на деморализираниот ум”.
Книгата е посветена на македонскиот писател Владимир Костов и содржи тринаесет секвенци за литературата и филозофијата во неговиот романескен опус.
Оценувајќи дека „на страниците на литературата на Владимир Костов се води отворен дијалог со нашето време“, Старделов пишува дека „неговата литература, особено неговата прозна уметност, не соочува со сознанието дека живееме во едно скудно време (Хајдегер) на доминација на распаметениот политички ум во сите сфери на животот, кој со неверојатна леснотија го употреби човекот против него самиот...“q