Со војничка свеченост во касарната на АРМ народен херој „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово денеска беа одбележани седумнаесет години од загинувањето на шесттемина припадници на безбедносните сили од тетовскиот гарнизон.

Во конфликтот во 2001-та година на денешен ден на патот Тетово – Попова Шапка кај селото Гајре загинаа постариот водник Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Пеце Матически, Ванчо Миленковски и Благоја Силјановски додека на 1 јули истата година на безбедносните позиции на тетовското кале загина Блажко Толев. За ликот и делото на загинатите говор пред присутните одржа командантот на гарнизонот потполковник Гоце Филипоски.

- Стоиме пред споменот на вашата пожртвуваност тажни, но и благодарни за покажаната храброст и хероизам кои беа пример за сите нас во критичните моменти. Вие покажавте што значи да се биде патриот и како треба со целото свое битие да се сака сопствената татковина. Вашите семејства треба да се гордеат со вас како што сме горди и ние припадниците на армијата што ве имавме за наши соборци. Наша обврска е никогаш да не заборвиме на вашиот херојски подвиг со кој ги задолживтесегашнит и сити идни генерации на АРМ, рече потполковник Филипоски.

Во рамките на одбележувањето на спомен плочата со иминања на шестте загинати припадници на АРМ букети свежо цвеќе положија делегации на Првата механизирана пешадиска бригада, и Третиот механизиран пешадиски батаљон од оваа бригада на АРМ како и претставници на сојузите на борци од Тетово и Гостивар, Одборот на бранители и здруженијата на резервните офицери, военоите и полициски ветерани како и од сојузот на воени инвалиди. На овој начин тие им одадоа почит на шесте загинати припадници на АРМ од тетовскиот гарнизон во 2001 та година за нивниот патриотизам, храброст и несебичност во заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 03:17