Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска започна со закажување термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.
Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.gov.mk/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292.
- Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи, информира МВР.