Во тек се уписите за летните менторски програми на Семос Едукација кои се одржуваат трета година по ред преку летниот период, за кои ќе бидат доделени и две целосни и повеќе делумни стипендии.
На Летната Cisco IT менторска програма, слушателите ќе се обучат за Cisco Мрежен Инженер, профил кој ќе ги подготви со вештини потребни за инсталација, конфигурирање, мониторирање, барање и решавање на проблеми во една мала до средно голема компјутерска мрежа. Покрај обуката, слушателите ќе работат на реален проект со ментор од компанијата EURO BPO.
За оваа програма Семос Едукација доделуваат една целоснa стипендија од 1.640 евра и пет делумни стипендии од 640 евра. Отворениот ден за Cisco ќе се одржи на 8 јуни, каде посетителите ќе имаат можност бесплатно да се тестираат со што добиваат можност за стипендија. Добитниците на Cisco стипендиите ќе бидат доделени на 19 јуни.
Летната Microsoft IT школа е интензивна менторска програма која се одвива во период од три месеци. Заинтересираните имаат можност да одберат една од трите професии: Microsoft Web Developer; Microsoft Server Administrator или Microsoft Data Analyst. Сите кандидати кои ќе аплицираат, учествуваат во тестирањето за целосна или делумна стипендија. Целосната стипендија е во вредност од 1.605 евра, а 30 кандидати ќе добијат делумна стипендија од 555 евра. Слушателите ќе работат на реални проекти со ментор од компаниите itCrowd и SAGA.
За секој профил ќе се одржи отворен ден и тестирање, и тоа: За Web Developers на 12 јуни; За Server Administrators – 13 јуни; Data Analysts – 14 јуни. Стипендиите на добитниците ќе бидат доделени на 18 јуни.
Повеќе за летните менторски програми, стипендиите и условите за аплицирање, на официјалната веб-страница на Семос Едукација.