Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе претседава со 15-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 19 и 20 јуни во Скопје.
Согласно одлуката донесена од Владата на денешната редовна 71 седница, воедно, се задолжува Секретаријатот за европски прашања да ја координира подготовката на 15. состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација на кој ќе бидат разгледани клучни прашања од важност за процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската Унија.