Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска ќе оствари работна посета на општина Гевгелија, каде што ќе има средба со градоначалникот на општината Сашо Поцков.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот Сугарески ќе изврши и увид во изградбата на системот за обезбедување дополнителни количини вода за општина Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 11:19