Скопје добива Музеј на илузии, кој ќе биде отворен денеска и ќе придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено ќе биде место каде покрај домашните гости интерес ќе пронајдат и странските туристи.

Пред присутните на отворањето ќе се обратат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенција за промоција на туризмот Љупчо Јаневски

Предвидено е заедничко разгедување на Музејот, а како што велат организаторите нудат „незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати“.

Музсејот се наоѓа на улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти швајцарска Амбасада.

Музејот ќе работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од девет часот до 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 11:28