ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар и претставничката на УНДП Луиза Винтон денеска присуствуваа на пуштање во употреба на реконстриураниот мост на реката Брегалница во општина Зрновци.

На средбата со градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков тие беа информирани дека 86-метарскиот мост, што беше сериозно оштетен во поплавите од пред три години, сега е целосно реконструиран. Притоа, 800 илјади евра беа обезбедни преку програмата на ЕУ за санирање на штетите од поплавите што ја имплементираше УНДП.

- Мостовите се важни инфраструктурни објекти за поврзување, а нашата помош преку кампањата ’ЕУ за тебе’ со кој од темел се изгради овој мост овозможи луѓето повторно да бидат меѓусебно поврзани, да можат да одат на училиште, на работните места, да стигнат кај лекар. Со програмата за санација на штетите, вредна неколку милиони евра, на граѓаните на Македонија им помогнавме да се изградат инфарструктиурни обејкти што во иднина ќе бидат поотпорни на временски неприлики, рече амбасадорот Самуел Жбогар.

- Инвестирањерто во превенцијата секогаш е подобро и поевтино, отколку реконструкцијата после поплава или друга временска катастрофа. Сепак, во овој случај реагиравме откако мостот беше погоден од поплавата, а проектот успешно го реализиравме и локалните жители веќе го користат, рече претставничката на УНДП, Луиза Винтон.

Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков се заблагодари на поддршката за реконструкција на мостот, за што жителите биле трпеливи, но тоа им с еиспалтело затоа што поврзаноста со Кочани и соседните општини повторно е воспоставена.

Освен мостот во Зрновци, преку Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите во 2015 година беа реконструирани и други објекти во државата, меѓу кои мостови во Делчево и Свети Николе, пропуст кај Чешиново-Облешево, стабилизирано е свлечиштето кај Пробиштип и обновени се патишта во општините Могила, Новаци и Конче. Исто така, исчистени се десетици километри канали и речни корита, а комплетно завршени се браните Слатино и Дренска Река.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 14:56